Почетна » Новости » Истражувања » Морковите помагаат во заштитата од рак и срцеви болести

Морковите помагаат во заштитата од рак и срцеви болести

Општо прифатено е дека морковите се храна за очите. Поттикнати од резултатите од ново истражување, научниците тврдат дека морковите не само што можат да го подобрат видот, туку и помагаат во заштитата од рак и срцеви болести.

МорковиМорковите штитат од рак и болести на срцето

Морковите се богат извор на алфа-каротен. Научниците дошле до заклучок дека кога овој антиоксиданс е присутен во крвта во големи количини, се намалува ризикот од смрт.

Во американското истражување учествувале 15 318 возрасни лица кои во текот на 6 години (1988-1994г.) биле прегледувани и правеле тестови на крвта. Потоа, учесниците во истражувањето уште еднаш биле подложени на тестови во 2006г.

На крајот од истражувањето било утврдено дека од сите учесници 3810 починале. Анализата на резултатите покажала дека оние кои имале повисоко ниво на алфа-каротен во крвта биле изложени на помал ризик од смрт причинета од кардиоваскуларна болест или рак.

Освен морковите, и тиквите се богати со каротеноиди за кои се смета дека помагаат во заштитата од болести. Овие антиоксиданси се присутни и во темнозелените зеленчуци како брокулите и грашокот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20838 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.