Секоја мајка се грижи за своето дете од љубов. Таа е негова најдобра учителка, чистачка, готвачка, советничка.
Мајчинската грижа е бесценета и незаменлива. Но, ако една мајка треба да добие плата за сите нешта што ги прави бесплатно за своето дете до неговата 18-та година, таа ќе заработи 1,7 милиони евра. Оваа сума била пресметана во рамките на истражување на синџирот на супермаркети Tesco во Велика Британија.

Земајќи ги во предвид сите обврски кои една просечна мајка ги има околу своето дете, како чистење, перење, пеглање, готвење и сл., експертите пресметале дека за да ги направи сите нив, еден професионалец би наплатил точно 1 704 864 евра.
Треба да бидеме благодарни што нашите мајки ни ги пружиле сите овие услуги бесплатно.