Почетна » Новости » Истражувања » Масажата и длабоко дишење имаат еднаков релаксирачки ефект

Масажата и длабоко дишење имаат еднаков релаксирачки ефект

Ако барате начин да се релаксирате, не мора да плаќате скапа масажа. Релаксирањето дома со длабоко дишење и пријатна музика може да ви го даде истиот ефект.

РелаксацијаМасажата и длабокото дишење придружено со пријатна музика имаат ист релаксирачки ефект.

Истражувачите откриле дека вознемиреноста се намалува подеднакво како со помош на масажа, така и со едноставна техника за релаксирање дома или со термотерапија.

Научниците од Институтот за истражувања за здравјето во Сиетл, заклучиле дека релаксацијата што луѓето ја доживуваат за време на масажа може повеќе да е резултат на пријатната музика која се пушта за време на третманот, отколку на самата масажа.

Во истражувањето учествувале 68 пациенти кои страдале од анксиозност. Тие биле поделени во групи и им биле направени 10 третмани на еден од трите начина – масажа, релаксирање со дишење или термотерапија (завиткување на рацете и нозете во топли перничиња и крпи).

По 12-неделен период и кај трите групи симптомите се намалиле за околу 40%. Кај сите учесници се намалило нивото на анксиозност и сите имале помалку симптоми на депресија и поретко се вознемирувале.

Затоа, убијте го стресот и напнатоста со домашен третман. Затемнете го светлото, пуштете си релекасирачка музика, дишете длабоко и заборавете на проблемите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19763 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.