Почетна » Новости » Истражувања » Мажите ја оценуваат атрактивноста на жените за дел од секунда

Мажите ја оценуваат атрактивноста на жените за дел од секунда

Мажите обожаваат убави жени. Многупати се случува тие веднаш да се заљубат во една жена само поради фактот што таа изгледа убаво.

Научниците сега даваат објаснување за оваа појава, кое воедно може да им послужи на мажите како оправдување. Според нив, ваквото однесување не е знак дека мажите се површни како што често се мисли, туку тие всушност се привлечени од убавото женско лице затоа што сметаат дека тоа е знак на плодност и дека инстинктот за преживување е она што ги носи мажите кон оние жени коишто можат да им донесат потомство.

ФлертНа мажите им е потребен само дел од секундата за да одлучат дали една жена ги привлекува или не.

Од друга страна, жените не одлучуваат дали еден маж ќе биде добар партнер или не само по неговиот изглед. Нивниот инстинкт за преживување ги принудува пред да го изберат својот партнер, да проверат дали тој е одговорен и дали има добар карактер.

Истражувачите набљудувале 20 мажи и 20 жени и ја следеле активноста на нивниот мозок. Во рамките на истражувањето секој од учесниците требало да извршува некаква задача, а истовремено му биле покажувани слики од привлечни и непривлечни лица од спротивниот пол.

Било утврдено дека вниманието на мажите веднаш било одвлечено кога ќе се појавела жена со убаво лице, а жените воопшто не реагирале на прикажуваните слики, туку продолжувале фокусирани да ја извршуваат дадената задача.

Научниците утврдиле дека на мажите им е потребен само дел од секундата за да одлучат дали една жена ги привлекува или не и дали таа може да им биде партнерка, затоа што така се „програмирани“. Тие тврдат дека копнежот на мажите за убави жени е дел од еволуцијата.

За разлика од мажите, на жените им се потребни повеќе докази од изгледот за да одлучат дали еден маж е добар партнер или не.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19461 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.