На наше огромно изненадување, британски истражувачи тврдат дека мажите трошат повеќе време на својот изглед од жените.
Истражување на Superdrug, втората по големина верига продавници за убавина и здравје во Британија, покажа дека мажите поминуваат во просек 83 минути дневно за да се подготват за излегување. За разлика од нив, жените веќе се имаат доволно испраксирано и поминуваат 79 минути во подготовка.
Жени | Мажи | |
Туширање | 22 | 23 |
Бричење | 14 | 18 |
Кожа | 9 | 10 |
Коса | 12 | 10 |
Шминка | 10 | 7 (!) |
Облека | 10 | 13 |
Друго | 2 | 2 |
ВКУПНО | 79 минути | 83 минути |
Табела: потрошено време за негување на изгледот кај двата пола (во минути)
Единственото логично објаснување за овие податоци би бил фактот дека мажите се почетници во грижата за изгледот. Жените тоа го правеле отсекогаш, па сега им е потребно помалку време за да се подготват за да изгледаат убаво.