Сакате да побарате нешто од вашиот партнер? Најдобро е да почекате и да го направите тоа во 18 часот. Истражување на Bayer Schering Pharma покажало дека во тоа време од денот мажите се најсклони да ѝ исполнат некоја желба на својата сакана.
Според истражувањето, тогаш можете да побарате да одите на одмор или пак да побарате од својот партнер да заврши некоја домашна обврска и тој најверојатно ќе го прифати вашето барање.

Ако пак сакате да расчистите некој проблем преку дискусија, тогаш иницирајте разговор во 15:00. Резултатите од истражувањето покажале дека тоа е периодот од денот кога жените победуваат во расправии.
За да дојдат до овие заклучоци, истражувачите анкетирале над 1000 мажи и жени. Уште еден интересен заклучок е дека ако сакате да побарате покачување на платата, тогаш подобро е да разговарате со шефот во 13 часот, отколку на почетокот на денот.