Почетна » Новости » Истражувања » Мажите повеќе страдаат од проблемите во врската

Мажите повеќе страдаат од проблемите во врската

Американско истражување покажа дека мажите повеќе страдаат кога имаат проблеми во врската отколку жените.

Спротивно на популарното верување дека жените се почувствителни и дека се поранливи од недоразбирањата во врската, истражувачите тврдат дека всушност емоционалната состојба на мажите повеќе се влошува кога врската ќе наиде на проблеми.

Проблеми во врската

Иако мажите многу често се прават силни и не покажуваат колку се повредени, тие всушност се позасегнати, само што страдањето го изразуваат на поразличен начин од жените.

Но, како што на нив повеќе влијаат тешките моменти, така и среќните моменти во врската им носат поголема корист на мажите. Научниците нудат и објаснување за таа појава: за младите мажи, нивната партнерка е често основен извор на интимност, а жените од своја страна обично се многу блиски и со своите пријатели и семејството.

Истражувачите откриле дека додека мажите повеќе се влијаат од квалитетот на врската, жените повеќе се влијаат од тоа дали се во врска или не.

Па така, жените би биле подепресивни ако не се во врска, а мажите, ако имаат проблеми во врската.

Во истражувањето учествувале 1000 млади мажи и жени на возраст од 18-23 години.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.