Тешко може да им се верува на мажите и жените добро го знаат тоа. Сега вечните женски сомневања се и потврдени – мажите лажат повеќе од жените.
Истражувањето кое ни ги даде потребните докази било спроведено од познатата агенција OnePoll со учество на 3000 мажи и жени.

Резултатите покажале дека просечниот маж кажува 1092 лаги секоја година, т.е. 3 лаги дневно, а просечната жена 728 лаги годишно, т.е. лаже 2 пати дневно.
Жените откако ќе излажат се чувствуваат повиновни и 82% од нив изјавиле дека потоа ги гризе совеста. Од друга страна, 70% од мажите изјавиле дека имаат чувство на вина откако ќе излажат некого.
Мнозинството од учесниците (75%) веруваат дека е во ред да излажеш некого за да не ги повредиш неговите чувства.
Еве кои се најчестите женски и машки лаги:
Женски | Машки | |
1. | Ништо не ми е, добро сум | Не испив толку многу |
2. | Не знам каде е, го немам допрено | Ништо не ми е, добро сум |
3. | Не беше толку скапо | Немав сигнал |
4. | Не испив толку многу | Не беше толку скапо |
5. | Имам главоболка | Веќе тргнав натаму |
6. | Беше на распродажба | Заглавив во сообраќајот |
7. | Веќе тргнав натаму | Не, твојот задник не изгледа голем во таа облека |
8. | Ох, веќе долго време го имам ова | Извини, го пропуштив твојот повик |
9. | Не, не го фрлив | Ослабев |
10. | Отсекогаш сум го посакувала ова | Отсекогаш сум го посакувал ова |