Во минатото, љубовните писма биле најдобриот начин за искажување на чувствата и за комуникација помеѓу вљубените. За љубовта редовно пишувале не само жените, туку и мажите.
Денес, иако 78% од жените би сакале да добијат љубовно писмо или поема, само половина од модерните мажи се решиле некогаш во животот да ги искажат своите чувства преку пишан збор.
Кога би добиле љубовно писмо или поема, жените би ги чувале засекогаш и би го ценеле трудот и времето што нивниот партнер ги потрошил за да ги создаде.
Во пресрет на Св. Валентин, престижната марка за чоколадо Lindt Lindor направи истражување во Британија за модерното кавалерство на мажите. Истражувањето покажа дека 21% од модерните мажи својата љубовна порака претпочитаат да ја пратат преку SMS, а 11% преку електронска пошта.
Иако поголемиот дел од жените се редовни кориснички на Facebook и Twitter, повеќе од половина (56%), не би сакале да добијат порака за Св. Валентин на ѕидот или како твит.
Резултатите од ова интересно истражување покажале и дека 62% од жените, како знак на посветеност, би сакале да добијат комплимент за својот изглед, додека 33% би сакале нивниот партнер да воспостави контакт со очите.
Со цел да им помогне на мажите подобро да се претстават за празникот на вљубените, компанијата што стои зад истражувањето состави т.н. „Код на современото кавалерство“, во кој се посочени работите што треба мажите да ги избегнуваат кога се на состанок. Мажите се советуваат да ја платат сметката на романтичната вечера, да се фокусираат на својата партнерка и погледот да не им лута наоколу и да не одговараат на пораки или повици на својот мобилен.