Научници од Универзитетот Кембриџ за прв пат успеале да докажат дека луѓето се најсреќни кога се дома.
Тие дошле до ваков заклучок преку анализирање на емоциите и однесувањето додека луѓето зборуваат на мобилен телефон.

Експертите од Универзитетот Кембриџ употребиле специјални мобилни телефони со чијашто помош можеле да следат како се менуваат емоциите на корисниците во зависност од нивната локација, периодот од денот и нивните врски.
Секој од мобилните телефони употребени во истражувањето содржел технологија наречена EmotionSense, т.е. софтуер за препознавање на говор и сензор кој преку анализирање на гласот одредува дали лицето што зборува чувствува среќа, тага, страв, лутина или е неутрално (досада). Освен тоа, со помош на GPS било одредувано која е локацијата на учесниците, т.е. дали се на работа или дома.
Доброволци во текот на 10 дена ги користеле модифицираните телефони и воделе дневник за своите емоции пред секој телефонски разговор.
Резултатите покажале дека скоро половина од емоциите на луѓето кога се наоѓаат дома спаѓаат во групата „среќни“, а дека 54% од емоциите кои луѓето ги имаат додека се на работното место спаѓаат во групата „тажни“.
Исто така, било откриено дека луѓето имаат многу поинтензивни емоции навечер, отколку наутро.