Почетна » Новости » Истражувања » Импулсивното купување ги чини жените цело богатство

Импулсивното купување ги чини жените цело богатство

Ви се случило ли да излезете да си купите нова кошула, а дома да се вратите плус и со нов кармин, лак за нокти и нов пар чевли кои толку одговарале на новата кошула што не сте можеле да им одолеете?

Одговорот на ова прашање е потврден, барем за најголем дел од жените. А, таквите мали непланирани шопинг активности на жените чинат во просек над 70 000 денари (1000 фунти) годишно.

ШопингЖените се многу посклони да купуваат импулсивно кога има попусти или ако се во друштво на пријателки

Истражување на OnePoll во кое учествувале 2000 жени покажало дека скоро секој шопинг на жените завршува со купување на нешто непланирано. Поточно, две третини од жените признаваат дека редовно се враќаат дома со нешто што не планирале да го купат.

Жените најчесто импулсивно купуваат обувки, ДВД-а, списанија и облека, а поретко декорации за домот и книги. Според резултатите од истражувањето, седум од десет жени импулсивно имаат купено барем еден пар чевли во изминатава година, а секоја петта жена редовно импулсивно си купува облека.

Истото истражување покажало дека жените се многу посклони да купуваат импулсивно кога има попусти или ако се во друштво на пријателки, колешки или пак на својата мајка.

Интересно е што дури 90% од жените изјавиле дека никогаш не би се осмелиле импулсивно да купат нешто ако се во друштво на својот партнер.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20818 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.