Почетна » Новости » Истражувања » Зошто мажите имаат помалку доверба во луѓето?

Зошто мажите имаат помалку доверба во луѓето?

Жените отсекогаш биле понежни. Кај нив побрзо се појавува чувството за сочувство, но и полесно стекнуваат доверба во другите.

Научниците тврдат дека виновник за тоа што мажите имаат помала доверба од жените е тестостеронот. Тие откриле дека тестостеронот, којшто ги прави мажите физички посилни и агресивни, е сврзан и со цинизмот и отсуството на доверба во другите луѓе.

Маж и женаМажите имаат помала доверба во другите луѓе заради хормонот тестостерон.

Ново истражување спроведено во Холандија покажало дека кога жените ќе примат доза тестостерон стануваат попретпазливи и нивната доверба во луѓето се намалува. Истражувачите набљудувале 24 жени на средна возраст од 20 години, на кои им била дадена доза тестостерон и апче со плацебо ефект.

Секоја жена преку серија од фотографии требало да оцени колку доверлив изгледа еден човек. За секоја фотографија тие можеле да дадат оценка од -100 (многу недоверлив) и +100 (многу доверлив).

Жените кои кога биле под плацебо ефект дале највисоки оценки, откако примиле доза тестостерон ги намалиле тие оценки во просек по 10 поени.

Научниците сметаат дека жените стекнуваат поголема доверба од мажите затоа што во минатото тие не биле принудени да се борат за опстанок. Во минатото за жените било поважно да соработуваат и да бидат социјално активни за да се вклопат и да преживеат, а за мажите било поважно да се борат.

Тестостеронот ја зголемува „социјалната претпазливост“ кога станува збор за доверливоста во луѓето, за да нè подготви за големата конкуренција за статус и ресурси.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.