Почетна » Новости » Истражувања » Зафатените луѓе се посреќни

Зафатените луѓе се посреќни

Навистина Македонија не е земја на можностите, но ако сакате да бидете среќни, мора да најдете нешто со коешто ќе си го пополнувате времето.

Научниците советуваат дека ако сакате да бидете среќни, треба да бидете постојано зафатени. Но, за жал, тие сметаат дека луѓето се „програмирани“ да бидат мрзеливи со цел да заштедат енергија.

Жена и лаптопАко сакате да бидете среќни, треба да бидете постојано зафатени

За да ја докажат својата теорија, тие набљудувале 98 студенти кои требало да направат две истражувања. На крајот од првото им било кажано дека треба да почекаат 15 минути за да го добијат второто. Потоа им била дадена можност да избираат дали да се вратат на местото на првото истражување (кое било во близина) или да отидат на локација која била подалеку и до која требало да стигнат пеш. Што и да избереле, на крајот ќе добиеле чоколадо.

Дури две третини (68%) ја избрале „помрзливата“ опција. Но, тие кои одлучиле да попешачат и да отидат до подалечната локација на крајот изјавиле дека се чувствувале посреќни.

Професорот Кристофер Хси советува: „Станете и правете нешто, било што. Дури и да нема никаква поента тоа што го правите, ќе се чувствувате подобро“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.