Многу поверојатно е жените да имаат кратка љубовна авантура за една вечер на Нова Година, отколку во било која друга вечер во годината.
Истражување спроведено од производителот на интимни продукти Wet покажало дека 33% од жените преферираат да имаат секс за една вечер на Нова Година. Но, зошто е тоа така? Дали е поради тоа што многу жени се чувствуваат депресивно за време на празниците, дали поради тоа што луѓето се премногу возбудени од празничната еуфорија или пак поради консумацијата на алкохол? Истражувањето не дава одговор на тоа прашање.
Истото истражување покажало и дека 82% од жените би сакале да имаат повозбудлив љубовен живот.
Нешто повеќе од половината (51%) од жените кои се во врска изјавиле дека сакаат почесто да имаат сексуални односи, а секоја петта од нив го опишала сексуалниот живот со зборот „незадоволителен“.