Почетна » Новости » Истражувања » Жените сакаат мачо мажи

Жените сакаат мачо мажи

Жените сакаат мачо мажи и ја перципираат скромноста како знак на слабост, покажуваат истражувањата.

Ново истражување во коешто учествувале 132 женски и 100 машки студенти покажало дека иако жените не ја одобруваат машката скромност, мажите не ја оценуваат негативно скромноста на жените.

Мачо менЖените сакаат мачо мажи и ја перципираат скромноста како знак на слабост

На учесниците во истражувањето им биле покажани 15-минутни видеа од интервјуа за работа на актери и актерки кои одговарале на сличен начин за позиција за којашто биле потребни социјални вештини.

Резултатите покажале дека скромните мажи биле помалку преферирани. Експертите оваа појава ја објаснуваат со аргумент дека жените гледаат на скромноста како на негативна особина, затоа што може да влијае на способноста на мажот да заработува.

Корин Мос-Ракусин, психологот што го предводел истражувањето, објаснила дека постојат одредени нешта кои мажите и жените треба и не треба да бидат.

„Жените треба да бидат колективни, да се грижат за другите и не треба да бидат доминантни. Мажите треба да бидат понезависни, пофокусирани на себе, отколку жените. На жените им е дозволено да бидат слаби, додека тоа е строго забрането за мажите. Спротивно, доминантноста е резервирана за мажите и забранета за жените“ – изјавила таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.