Почетна » Новости » Истражувања » Жените поминуваат 2 и пол години од животот во готвење

Жените поминуваат 2 и пол години од животот во готвење

Иако во денешно време жените трошат многу помалку време за готвење благодарение на современите кујнски апарати и готовите јадења што можат да се купат, сепак истражувањата покажаа дека жените поминуваат повеќе од 2 и пол години од својот живот во кујната.

Три жени во кјунаВо просек жените готват 9 часа неделно

Истражување на компанијата за домаќински уреди Breville покажало дека иако времињата се менуваат, мажите сè уште поминуваат многу помалку време во готвење отколку жените. Тие во просек готват само 1,4 години од својот живот.

Резултатите покажале дека 8 од 10 жени поминуваат еден час во готвење откако ќе се вратат од работа, а тој период се удвојува за време на викендите. Во просек, жените готват по 9 часа неделно (од 18-тата до 65-тата година) или вкупно 2,51 години од својот живот жените ги поминуваат во приготвување јадење за себе или за своите најмили.

Во минатото ситуацијата била уште полоша за жените. Така, во 1960г. просечната жена во Велика Британија поминувала дури 6 години од својот живот во готвење.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.