Почетна » Новости » Истражувања » Жените повеќе бараат нежност отколку добар секс

Жените повеќе бараат нежност отколку добар секс

За жените е многу поважно да бидат емоционално поврзани со својот партнер, отколку да се супер компатибилни со него во спалната.

Среќен парЖените повеќе бараат разбирање и нежност отколку добар секс

Истражување на списанието Elle покажало дека жените се посклони да ја прекинат врската ако се почувствуваат емотивно занемарени, отколку ако имаат лош секс.

Скоро половината од учесничките во истражувањето ги посочиле емотивното разбирање и интимноста како најважни во една врска. Кога биле запрашани што би ги натерало да стават крај на една врска, 38% одговориле дека тоа најверојатно би бил недостигот на емотивна поддршка, а само 2,3% изјавиле дека причина би бил лошиот секс.

Дури 85% од жените изјавиле дека не веруваат дека постои совршена врска.

Топ 9 причини поради кои жените би ѝ ставиле крај на врската

  1. Отсуство на емотивна поддршка — 38,1%
  2. Врската не оди никаде (стои в место) — 31,4%
  3. Друга причина — 12,9%
  4. Партнерот повеќе не ви е физички привлечен — 4,8%
  5. Партнерот не е амбициозен или комуникативен како вас — 4,4%
  6. Партнерот сака да започне посериозна врска повеќе од вас — 2,4%
  7. Вие повеќе сакате сериозна врска отколку вашиот партнер — 2,4%
  8. Лош секс — 2,38%
  9. Отсуство на финансиска поддршка — 0,85%

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.