Почетна » Новости » Истражувања » Експертите за дијабетес едногласни: Со промени во животниот стил до контрола на шеќерот

Експертите за дијабетес едногласни: Со промени во животниот стил до контрола на шеќерот

Бројот на дијабетичари во Македонија, но и на светско ниво, непрекинато расте. Алармантен е податокот дека во нашата држава секој месец се регистрираат како дијабетичари по 10 возрасни лица и по две деца на возраст од 5-16 години.

Во Македонија се одбележа Светскиот ден на дијабетесот, кој годинава е посветен на жените, под мотото „Жените и дијабетесот - нашето право за здрава иднина“. Експертите се едногласни дека здравата исхрана и редовното спортување се клучни фактори во превенцијата и третирањето на дијабетесот.

Прес

Д-р Саша Јовановска Мишевска потенцира: „Статистиките покажуваат дека можеби 70 до 85% од пациентките коишто имаат дијабетес во бременоста, можат само со промени во начинот на исхрана, со промени во животниот стил, да постигнат оптимална гликемиска контрола, или оптимална контрола на шеќерот, којашто е неопходна за правилен фетален раст и развој, а понатаму и развој на плодот... Потребно е да работиме многу повеќе на воведување мерки за превенција на шеќерната болест, тоа се пред сè мерки за здрава исхрана, за поголема физичка активност и мерки кои ќе помогнат да се зачува здравјето на пациентите со дијабетес.“

Прес Прес

Бојан Киров, претседател на Сојузот на Здруженија на дијабетичари во Македонија, ја истакна сериозноста на проблемот преку конкретни бројки. „Околу 190.000 луѓе се дијагностицирани со дијабетес, од нив 40.000 се на инсулинска терапија, останатите 150, можеби и нешто повеќе, илјади лица се на таблетарна терапија. Тип 1 сме околу 4.500 до 5.000 лица, останатите се тип 2. Така што, во проценти изразено, според најновите информации од Атласот на Интернационалната дијабетес федерација, тоа е нешто над 12%, зборувам за Република Македонија, значи нешто над 12% од вкупната бројка на жители“ - изјави тој.

Прес Прес Прес

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20786 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.