Насмевнете се! Денес е најсреќниот ден во годината, велат британски истражувачи.
„Секој од нас доживува во просек по 10 среќни дена во годината, но никој не е посреќен од 31 јануари или наречен Среќен понеделник“ – изјавил д-р Дејвид Холмс, психолог во Манчестер Метрополитен Универзитетот.
Враќањето на работа по празниците, студените и темни зимски денови и стресот од потрошените пари за време на празниците на многу луѓе им создаваа главоболки.
Но, истражувачите во Британија сметаат дека денес луѓето конечно ја оставаат зад себе попразничната депресија. Освен тоа, во овој период мнозинството луѓе ја очекуваат и својата плата, што уште повеќе го засилува доброто расположение.
Холмс наведува уште една причина за зголемувањето на среќата – најголем дел од Британците сега започнуваат да го планираат својот летен одмор и веќе закажуваат во туристичките агенции.
Ако имате желба да бидете среќни, не ви треба некоја голема причина. Едноставно разгледајте околу себе и сигурно ќе најдете нешто што ќе ви измами насмевка. И запомнете, смеењето е здравје и убавина.