Денешниот ден официјално е наречен Blue Monday и е објавен за најлошиот или најмизерниот ден во годината.
Комбинацијата од ниските температури и долговите од празниците оставаат многу луѓе во депресивно расположение. Тоа е заклучокот на британската компанија FirstCare, која се обидува да им помогне на фирмите да се справат со отсуствата на работното место.
Прогласувајќи го овој понеделник како најдепресивен ден, FirstCare ги советува работодавачите да изразат поголема поддршка кон своите вработени, за да се намали бројот на отсуства.
Ако и вие се чувствувате мизерно, без енергија и немате желба за работа, денес имате изговор за таквото однесување. Но, Blue Monday е само еден ден од годината, па од утре секој треба да влезе пак во форма.