Почетна » Новости » Истражувања » Губењето на невиноста ги прави девојките тажни, а момците среќни

Губењето на невиноста ги прави девојките тажни, а момците среќни

Губењето на невиноста би требало да биде специјален момент во животот на секоја девојка. Но, најголем дел од девојките воопшто не се среќни по првиот секс, а некои дури и чувствуваат тага и срам.

Тажна девојкаКај многу жени по првиот секс се појавува чувство на тага, срам и нервоза, а и се намалува самодовербата

Според истражувачите од Пенсилванија Стејт Универзитетот, жените се чувствуваат прекрасно во своето тело пред да започнат со сексуални односи, но откако ќе имаат секс, нивната самодоверба се намалува.

Во рамките на друго истражување, жените признале дека првото сексуално искуство предизвикало да се чувствуваат тажни, напнати, нервозни и засрамени.

Се смета дека причината за ова е што жените се опседнати со „идеалот за жена“, т.е. она што значи да си женствена и секси. Па, наместо да се релаксираат и да уживаат во сексот, жените се преокупирани со тоа како изгледа нивното тело, дали партнерот ќе ги забележи нивните физички недостатоци и сл.

Освен тоа, многу девојки по губењето на невиноста се двоумат дали нивниот партнер бил вистинскиот човек со кого требало да го имаат првиот секс, а дел од девојките веднаш започнуваат да се каат за направеното.

Од друга страна, мажите по првиот сексуален однос чувствуваат поголема самодоверба, поголемо задоволство и се многу посреќни и позадоволни од својот надворешен изглед.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20407 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.