Почетна » Новости » Истражувања » Грижите поврзани со изгледот им „одземаат“ на жените еден месец годишно

Грижите поврзани со изгледот им „одземаат“ на жените еден месец годишно

Женската самодоверба знае да варира. Понекогаш застанувањето пред огледало е проследено со позитивни емоции, но често жените во одразот се фокусираат на своите маани и се будат грижите.

Жените трошат по речиси еден месец годишно размислувајќи и загрижувајќи се за надворешниот изглед, вели ново истражување.

„Што да облечам?“ „Дали ова ми стои добро?“ „Дали градите ми изгледаат премали/преголеми?“... Тоа се само дел од женските грижи за изгледот. Имено, жените трошат 50 минути неделно измачувајќи се со прашањето „Што да облечам?“. Дополнително, еден час и една минута ги мачи тоа што изгледаат подуено, а разлетаната/мрсната коса им го „краде“ спокојството во текот на 57 минути неделно.

Жена пред огледало

Женските грижи во текот на една недела

Што да облечам? – 50 минути
Дали избраната облека стои добро? – 1 час и 26 минути
Дали се покриени „здебелените“ делови на телото? – 1 час и 26 минути
Која долна облека да ја носам? – 39 минути
Преголема тежина – 1 час и 46 минути
Премала тежина – 22 минути
Подуеност – 1 час и 1 минута
Градите изгледаат преголеми – 37 минути
Градите изгледаат премали – 32 минути
Акни по кожата – 50 минути
Нерамномерен тен – 50 минути
Тенот или отсуство на темен тен – 36 минути
Разлетана/мрсна коса – 57 минути

Истражувањето било направено со 2.000 жени, а било финансирано од компанијата Invistaa.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.