Почетна » Новости » Истражувања » Големо данско истражување покажа дека нема поврзаност помеѓу МРП вакцината и аутизам

Големо данско истражување покажа дека нема поврзаност помеѓу МРП вакцината и аутизам

Големо данско истражување заклучи дека вакцината против мали сипаници, рубеола и заушки (МРП) не предизвикува аутизам.

Истражување

Истражувањето било спроведено на национално ниво, а биле опфатени 657.460 деца родени меѓу 1999 и 2010 година во Данска. Децата биле следени во периодот до август 2013 година и биле документирани случаите на аутизам, притоа земајќи ги предвид ризик факторите како возраста на родителите, историја на аутизам кај брат или сестра на детето, предвремено раѓање и ниска родилна тежина.

Повеќе од 95% од децата ја примиле МРП вакцината, а биле регистрирани 6.517 случаи на аутизам.

Истражување

„Истражувањето силно покажува дека МРП вакцината не го зголемува ризикот од аутизам, не предизвикува аутизам кај децата со ризик фактори и не е поврзана со кластери на случаи со аутизам по вакцинирањето“ – пишува во заклучокот.

„Родителите не треба да ја прескокнуваат вакцината од страв од аутизам“ - порача водечкиот автор на истражувањето, д-р Андерс Хвид.

Еден од заклучоците од истражувањето е дека кај момчињата веројатноста за појава на аутизам е четирипати поголема отколку кај девојчињата.

Пред неколку дена, УНИЦЕФ предупреди дека бројот на случаи на мали сипаници (морбили) вртоглаво пораснал на глобално ниво.

Истражување

Митот за поврзаноста меѓу МРП вакцината и аутизмот се појави во 1998 година, кога Ендру Вејкфилд објави свое истражување во медицинското списание „The Lancet“. Во 2010 година, нему му беше одземена лекарската дозвола, а следната година, тој ја повлече студијата откако се дозна дека тој ги променил податоците на 12 деца кои биле основа на истражувањето.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21057 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.