Почетна » Новости » Истражувања » Витката линија ги усреќува жените повеќе од љубовна врска

Витката линија ги усреќува жените повеќе од љубовна врска

Да имаат до себе добар партнер ги прави жените многу среќни, но не толку среќни како кога се во добра форма.

Истражување што траело 24 години покажало дека телесната тежина има поголемо влијание врз психичката состојба на жените отколку нивниот љубовен живот.

Жена што вежбаВитката линија им носи на жените повеќе среќа и задоволство отколку љубовната врска

Експертите тврдат дека жените со наднормална телесна тежина се чувствуваат понесреќно отколку жените кои не се во врска, односно убавата витка линија им носи на жените повеќе среќа и задоволство отколку љубовната врска.

Д-р Пам Спур, психолог и автор на книгата „Како да се биде среќен човек“, смета дека тоа е така затоа што во денешно време е многу поприфатливо за луѓето некоја жена да е сингл, отколку да биде дебела. Па, така жените кои се дебели постојано се опседнати со својата тежина.

Било утврдено и дека жените кои го пронашле својот маж од соништата се многу посреќни ако се фокусираат на создавање на семејство со него, отколку ако ја пронајдат својата работа од соништата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19445 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.