Почетна » Новости » Истражувања » Верата е добра за здравјето

Верата е добра за здравјето

Верувањето во Бог е добро за здравјето затоа што ги прави луѓето посреќни и поголеми оптимисти, тврдат доктори.

За да дојдат до тој заклучок, д-р Алекс Бан и д-р Дејвид Рандал анализирале 1200 истражувања. Според нивниот извештај, луѓето кои веруваат во Бог не само што се поздрави, туку и живеат подолго од оние кои не веруваат.

ВераВерата во Господ ги прави луѓето поголеми оптимисти

Во рамките на едно од истражувањата, во кое учествувале 20 000 Американци, било откриено дека учесниците коишто редовно одат во црква живеат 7 години подолго од другите.

Двајцата доктори потенцираат дека верниците се посреќни и позадоволни од животот, имаат поголема надеж и се поголеми оптимисти.

Исто така, верниците имаат поголема самодоверба, поретко се чувствуваат осамени, побрзо закрепнуваат по операција, помалку се склони да паднат во депресија и побрзо закрепнуваат од депресија, поретко се решаваат на самоубиство и поретко стануваат зависници од дрога или алкохол.

Луѓето кои веруваат во Бог уште и поретко се впуштаат во криминални активност, чувствуваат поголемо задоволство во бракот и имаат постабилен брак.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20844 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.