Дебелината е еден од најголеми проблеми со кои се соочува населението во Америка. Па, не е воопшто чудно што најновото истражување покажало дека четвртина од луѓето би се откажале од милион долари за да имаат убаво тело.
„Убаво тело цел живот или лотарија со добивка од 1 000 000 долари?“ – тоа било прашањето кое им било поставено на 1000 Американци. Секој четврти одговорил дека повеќе би сакал да има тело од соништата отколку да биде богат.
Но, Американците за витка линија не би се откажале само од пари, туку и од младешкиот изглед. Половина од испитаниците изјавиле дека претпочитаат да имаат тело со идеална тежина отколку да бидат 5 години помлади.
Истражувањето спроведено од Kelton Research дошло и до следните заклучоци:
- Четвртина од жените сакаат да имаат тело како на Џенифер Лопез или Хали Бери.
- Половина од мажите сакаат да го имаат телото на Метју Меконахи.
- Мишел Обама има најубави раце од славните жени, а Вин Дизел има најпривлечни раце од мажите.
- 50% од луѓето кога се здебелуваат имаат помалку енергија, а 25% се и под поголем стрес.
Проценето е дека во САД во моментов 66% од луѓето се со прекумерна телесна тежина, односно дебели.