Почетна » Новости » Занимливости » Ќе ве насмее: Неуспешен обид на пар да пресоздаде забавна Pinterest фотографија за свршувачката

Ќе ве насмее: Неуспешен обид на пар да пресоздаде забавна Pinterest фотографија за свршувачката

Не е лесно да се пресоздадат „совршените“ фотографии од социјалните мрежи.

Пар се обиде да го направи тоа за свршувачката, но резултатот беше далеку од посакуваниот. Сепак, нивните фотографии станаа хит на интернет, мамејќи им насмевки на илјадници лица.

Кога Алиса Снодсмит и Колин Хјуит требало да смислат идеја за фотосесија по повод нивната веридба, тие започнале да пребаруваат идеи на Pinterest и наишле на фотографија од забавен пар кој пие шампањ.

„Мислевме дека е забавно. Некако личи на нас. Сакаме да се забавуваме“ – изјавил Колин.

Алиса и Колин

Двајцата партнери пронашле совршена локација за фотосесијата и повикале нивен пријател, кој е фотограф, да го овековечи моментот. За жал, резултатот не беше баш романтичен како што тие очекуваа.

Колин го згреши аголот под кој го држеше шишето и истури една четвртина од шампањот врз неговата сакана. „Умиравме од смеење. Нашиот фотограф падна на задникот, бидејќи не можеше да престане да се смее. Но, успеа да нè фотографира“ – изјави Алиса.

Алиса и Колин Алиса и Колин

Откако фотографиите беа обработени, Колин ги објави на Twitter, а неговата објава стана вирален хит. „Јас и Алиса се фотографиравме за нашите свршенички фотографии. Таа најде фотографија на Pinterest која сакаше да се обидеме да ја пресоздадеме. Јас ја уништив“ – напиша тој.

Алиса и КолинПарот фотографиран пред забавната случка

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23321 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.