Високите температури ја разгоруваат желбата за патување кај секого.
Авантуристички пар од Америка веќе неколку години неуморно го истражува светот, посетувајќи прекрасни дестинации од кои споделува фотографии и видеа на Instagram.
„Ние сме две авантуристички души, со длабока страст за фотографијата, а светот е наша муза. Патувањето одамна е нашето бегство, начин да се потсетиме зошто се вљубивме еден во друг“ – пишуваат Сидни и Дејвис на нивниот сајт.
Грција, Бали, Сардинија, Хаваи, Турција и Мексико се дел од местата каде уживаше вљубената двојка, а во продолжение погледнете ги нивните атрактивни фото-дела.