Според анкета на Pew Research Center For The People and The Press, Американците во главно се оптимисти за иднината. Дури 71% од нив сметаат дека ќе биде пронајден лек за ракот до 2050 година, а 81% сметаат дека компјутерите ќе можат да разговараат со луѓето.
Но, има некои области во кои оптимизмот изостанува. Повеќе од половината Американци (58%) сметаат дека ќе започне Трета светска војна во наредните 40 години, а 53% очекуваат терористички напад со нуклеарно оружје врз САД.
Еве што уште мислат Американците дека ќе се случи до 2050 година:
- 68% од младите под 30 години сметаат дека ќе започне нова светска војна;
- 53% сметаат дека обичните луѓе ќе патуваат во вселената;
- 42% изјавиле дека најверојатно научниците ќе можат да дознаат што мислат луѓето преку скенирање на нивните мозоци;
- 89% веруваат дека жена ќе биде избрана за претседател на САД;
- 41% веруваат дека Исус ќе се врати на Земјата;
- 74% мислат дека поголем дел од енергијата ќе доаѓа од други извори, а не од јаглен, гас и нафта;
- 66% изјавиле дека Земјата ќе стане потопла;
- 72% сметаат дека ќе има енергетска криза до 2050г.;
- 31% очекуваат планетата да биде погодена од астероид.