Книгата со наслов „What Every Man Thinks About Apart From Sex“ од Шеридан Сајмув стана апсолутен хит меѓу студентите во Велика Британија.
Големата популарност не се должи на она што го пишува во книгата, туку на она што не го пишува. Книгата има 200 страници и сите тие се празни, што алудира на фактот дека мажите не мислат на ништо друго освен на секс.
„Оваа книга е плод на 39-годишно проучување и практични истражувања на оваа тема. По толку многу години напорна работа, на крајот сфатив дека мажите не мислат апсолутно на ништо друго освен на секс. Тоа беше шокантен заклучок и разбрав дека светот треба да разбере за моето откритие“ – изјавил Шеридан.
Празната книга чини околу 350 денари и главно им служи на студентите за запишување белешки на лекции.
„Никогаш не очекував дека мојата книга ќе им служи на студентите за да запишуваат белешки во неа. На некој начин тие ме негираат, затоа што ја исполнуваат мојата книга со содржина. Но, се прашувам колку од нив мислат на секс откако предавањата ќе завршат. Би се обложил дека одговорот е 100%. Всушност, би отишол уште подалеку и би рекол дека 99% мислат на секс дури и за време на лекциите“ – дополнил Шеридан, кој дипломирал на Универзитетот Оксфорд.
Тој изјавил и дека следниот негов проект е да истражува што мислат жените кога не мислат на секс.