Комерцијален текст

Почитувани клиенти,
Шпаркасе Банка Македонија, во рамките на своето Одделение за работа со хартии од вредност, започна да ги нуди своите брокерски и старателски услуги во процесот на тргување со хартии од вредност на странските пазари.
Имено, со преминувањето на Република Северна Македонија во втората фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА), им се овозможи на домашните банки да посредуваат при купопродажба на хартии од вредност во странство, со што се отвориjа поголеми инвестициски можности за физичките и правните лица. Согласно со соодветните измени на законската и на подзаконската регулатива во оваа област, Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје презеде активности и соодветни подготовки за да биде една од првите банки што ќе им ги нудат овие услуги на своите клиенти.
Во рамките на инвестициското работење, Банката на своите клиентиим нуди брокерски и старателски услуги во 25 земји и на повеќе од 30-ина странски берзи – пазари на капитал, меѓу кои и најголемите берзи во светот: New York Stock, Exchange, NASDAQ, Börse Frankfurt, London Stock Exchange, Tokyo Stock Exchange и др.).
Услугите на странските пазари опфаќаат:
- Брокерски услуги: прием и пренос на налози за купување и продавање хартии од вредност на странски пазари на хартии од вредност и вршење дополнителни услуги за издавачите на хартии од вредност.
- Старателските услуги: чување хартии од вредност; порамнување, плаќање и извршување на трансакциите со хартии од вредност според старателски налози; наплата на приходи и известување за исплата на дивиденда, камата или доспевање на други побарувања од хартии од вредност; извршување старателски налози поврзани со корпоративни активности како и други услуги по барање и во договор со клиентите.
Со оваа услуга ќе им се овозможи на клиентите да ги алоцираат своите слободни парични средства и да го диверзифицираат портфолиото преку вложување и дисперзија на ризикот во хартии од вредност на странските финансиски пазари, каде што постои голема понуда на финансиски инструменти и хартии од вредност, повисока ликвидност и транспарентно корпоративно управување на компаниите издавачи. Покрај овие предности, би ги истакнале и можноста за индексирано вложување во т.н. индексни ЕТФ-фондови, можноста за инвестирање во странски должнички инструменти и управување со приносите и ризиците (преку вложување во инструменти од различни издавачи со различни доспевања и приноси), потоа инвестирање во инструменти на стоковите пазари и поврзани со движењето на цените на стоките (на пример, во злато, нафта, пченица, памук итн.) и други можности.
Сите детални информации околу можностите за инвестирањето на странски пазари, листата на пазари и тарифниците за услугите се јавно објавени во деловните простории на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, а исто така се достапни и на веб-страницата на Банката: https://sparkasse.mk. Заинтересираните клиенти ги повикуваме да нèконтактираат и да закажат информативен состанок.
Податоци за контакт:
tel.: +389 (0)2 3200 785 ; +389 (0)2 3200 710
или на имејл на Одделението за работа со хартии од вредност:
Со почит,
Шпаркасе Банка Македонија