Почетна » Новости » Занимливости » Шокантна насловна на TIME: Мајка го дои 4-годишниот син

Шокантна насловна на TIME: Мајка го дои 4-годишниот син

Познатото списание „TIME“ ја разбранува јавноста со својата најнова насловна страна на која 26-годишна мајка го дои својот 4-годишен син.

На фотографијата, малиот Арам, кој во јуни ќе го прослави својот четврти роденден, е поткачен на столче за да може да стигне до градите на својата мајка, Џејми Лин Грумет.

Џејми и нејзиниот син АрамЏејми и нејзиниот син Арам

Самата Џејми била доена од својата мајка до 6-годишна возраст и сè уште се сеќава на тие моменти. „Беше навистина топло. Тоа е исто како да ја прегрнуваш мајка си, како прегратка. Се чувствуваш спокоен, згрижен и навистина, навистина сакан. Имав толку многу самодоверба како дете и знам дека беше поради тоа“ – изјавила Џејми во интервју за Time.

Џејми е мајка на две деца. Oсвен Арам, има и 5-годишен посвоен син од Етиопија, кој сега го дои само еднаш месечно. „Го започнавме процесот за посвојување кога забременив. Воопшто не го очекувавме нашиот биолошки син“ – објаснила таа и додала дека бидејќи имала млеко за биолошкиот син, решила да го дои и посвоениот.

„Не сфаќав колку многу тоа ќе ми помогне да се поврзам со него. Кога неговиот англиски се подобри, и затоа што поврзаноста постоеше, престана да го прави тоа толку често. Па сега, го прави само еднаш месечно“ – рекла таа.

Џејми смета дека луѓето треба да го прифатат „продолженото“ доење на децата.

„Луѓето мора да сфатат дека ова е биолошки нормално. Колку повеќе луѓето го гледаат, толку тоа ќе стане понормално во нашата култура. На тоа се надевам“ – изјавила таа.

Фотографијата поттикна многу онлајн дебати и додека многумина остро реагираат против ваквото „продолжено“ доење на децата, има и такви кои целосно го поддржувааt овој метод за растење на децата.

Актерката Алиса Милано веднаш го изрази своето незадоволство. Time, не! Треба да им олеснувате на мајките кои дојат. Вашата насловна е екстремна“ – напиша таа на Twitter.

Во САД веќе неколку месеци е популарна темата за доењето и многу мајки се борат за правото да дојат на јавни места. Но, кампањата за поголемо прифаќање на доењето на јавни места сигурно нема да има полза од актуализирањето на доењето на големи деца.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21929 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.