Почетна » Новости » Занимливости » 35-годишна жена го дои бебето во кампања за костими за капење за која позираше и со 72-годишната мајка

35-годишна жена го дои бебето во кампања за костими за капење за која позираше и со 72-годишната мајка

Летната кампања на „Summersalt“ цели да покаже дека секое тело е убаво и дека секоја жена треба да се чувствува убаво во костим за капење.

Брендот за костими за капење во новата реклама ангажираше жени од различни возрасти, со различни форми и големини на телото.

35-годишната Лиз Ариола го дои своето новородено бебенце на една од фотографиите, а на друга позира со својата 72-годишна мајка Барбара.

Summersalt

„Каква чест! Четири месеци по породувањето, дојам во костим за капење. Ако ме поканеа да бидам дел од оваа кампања пред да имам деца, најверојатно ќе одбиев, што е тажно. Додека растев, верував дека моето тело служи за една цел, да изгледа беспрекорно. Со раѓањето на секое од моите деца, бев сведок на моќта на женското тело. Апсолутно е неверојатно. Сега имам огромна почит кон моето тело. Тука сум да ви покажам дека никогаш не е доцна да започнете да го цените вашето тело. Оваа кампања е посебна. Чести ми е што сум дел од оваа кампања заедно со толку многу НЕВЕРОЈАТНИ жени, во кои спаѓа и МОЈАТА МАЈКА“ – пишува Лиз.

Summersalt Summersalt

„Чест ми е што имам можност да инспирирам жени од сите возрасти. Се надевам дека ќе продолжам да наоѓам начини да ширам пораки за позитивност“ – истакнала Барбара.

Лиз е мајка на три деца

Summersalt Summersalt

„Горда сум за тоа што го застапва оваа кампања. Чест ми е што го истакнуваме ова, бидејќи испраќа многу важна порака до жените, но и до помладите генерации“- изјавила една од основачките на брендот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20785 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.