Македон Димитровски повторно ја израдува македонската јавност со веста дека освои златен медал на светски натпревар по математика.
Деветгодишниот генијалец од Тетово честопати е нарекуван „чудо од дете“ и тоа не е залудно. Македон има коефициент на интелигенција (IQ) 134, а просечниот коефициент на интелигенција за неговата возраст е помеѓу 10 и 30. Тој лесно ја совладува секоја област што ќе му разбуди интерес, па освен во математика, генијалец е и во астрологија, физика, географија, како и историја. Македон за еден час научил да брои и да пишува до билион на кинески јазик.
Неговиот татко Владимир редовно ги објавува успесите на Македон, а за најновото достигнување, на Facebook напиша:
„Македон пак освои златен медал на светскиот натпревар од есенскиот дел ‘Математика без граници’. Златно дете наше со златен медал“.
Момчето кое има освоено повеќе сребрени и златни медали вели дека напорно работи за да ја промовира Македонија во светот и дека еден ден сака да стане Претседател.
„Јас во иднина сакам да ја промовирам Македонија со тоа што ќе работам уште повеќе од што работам сега за да можам да ја прославам нашата држава и да станам професор и идниот претседател на Македонија“ – вели Македон.
Еве како Македон го кажува периодниот систем на елементи низ песна: