Гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола направи важен чекор за намалување на користењето на мобилните телефони за време на наставата од страна на учениците, но и наставниците.
Наставничкиот совет од битолското средно училиште донесе одлука сите ученици и наставници задолжително да ги оставаат своите мобилни телефони во специјални кутии со прегради. Телефони ќе можат да се користат само за време на одморите.
Целта е, како што наведоа од училиштето, да се подобри концентрацијата кај учениците, да се зголеми нивното внимание и вклученоста на часовите, како и да се намали употребата и зрачењето на мобилните телефони во секојдневието.