„Маша и Медо“ постави Гинисов рекорд за Најгледан цртан/анимиран филм на YouTube.


Видеото од епизодата „Маша + Каша“ влезе во Гинис пред крајот на минатата година откако постигна 3.358.652.620 прегледувања на популарната социјална мрежа за споделување видеа.
Видео
Цртаниот филм, во кој главни ликови се енергичната Маша и грижливиот Медо, е дело на руското студио Animaccord.
Првата епизода од него беше прикажана пред околу 10 години, а досега има достигнато до публика во 100 земји низ светот.