Британците Бен и Ангела, кои имаат потекло од Нигерија, останале вчудоневидени кога се родило нивното трето дете.
Иако и двајцата се припадници на црната раса, нивната мала ќеркичка се родила со светла кожа, сини очи и руса виткана коса. Среќните родители ја крстиле својата бела ќеркичка Нмачи што значи „Божја убавина“.
Докторите веднаш ја исклучиле можноста бебето да е албино и сметаат дека најверојатно станува збор за непозната мутација, особено затоа што ниту еден од родителите нема роднини од бела раса.
Мајката Ангела за таблоидот The Sun изјавила: „Убава е и ја сакам. Бојата на нејзината кожа не е важна. Таа е бебе чудо“. Братот и сестрата на малата Нмачи, кои имаат црна кожа како нивните родители, сè уште со неверување гледаат на новиот член на нивното семејство.