Треј Инграм е посветен татко кој обожава да се грижи за своите осум деца.
Тој во секоја можна прилика помага во средувањето на нивниот изглед, а видео во кое им ја стилизира косата на седумте ќеркички и малото синче стана вистински хит.
Пред да одат в црква, Треј со ентузијазам ги разубавува дечињата, чии широки насмевки докажуваат дека им се допаѓаат фризурите.
Видеото има околу два милиони прегледи на социјалните мрежи.
@kelli_ingram Which do is your favorite?! Tell me in the comments! Trey loves helping with our kids’ hair.
♬ original sound - Kelli Ingram
Треј и неговата сопруга Кели имаат шест биолошки и две посвоени деца. Нивната најмала ќерка се роди во октомври 2019 година.