Почетна » Новости » Занимливости » Функционална храна на 21 век: Што е тоа?

Функционална храна на 21 век: Што е тоа?

Сè повеќе станува тренд или, можеби, и реална потреба да се храниме здраво и балансирано. Брзото темпо на живот како да ни наметнува и брзи оброци, но што ќе се случи доколку тие брзи оброци може истовремено да бидат и здрави и функционални?

Тоа значи дека тие ќе изобилуваат со полезни масти и хранливи материи, без притоа да го оптоваруваат нашиот организам. Добар пример за функционална храна се и пробиотските јогурти.

Balans+

Повеќето од нас во фрижидер имаат јогурт што ќе го испијат затоа што уживаат во вкусот или затоа што претставува добар извор на калциум и други материи, кои имаат позитивно дејство врз нашиот организам. Она што многумина не го знаат е дека постојат јогурти што се функционални производи и содржат пробиотски култури, кои го регулираат проблемот со варењето и со надуеноста.

Пробиотските култури, олигофруктози и инулини, содржани во функционалниот јогурт го забрзуваат работењето на цревата, а покрај тоа ја зголемуваат и апсорпцијата на витамини и минерали во вашиот организам и ги хранат добрите бактерии во цревната флора. Не треба да посегнувате по пробиотски јогурт само кога ќе настане проблем, затоа што тој има и превентивна функција во одржувањето на балансот во организмот.

Пробиотскиот јогурт Balans+ ја има потврдено својата ефикасност во воспоставувањето рамнотежа во дигестивниот систем. Клиничките истражувања спроведени во КБЦ Бежаниска коса потврдуваат дека јогуртот Balans+ го регулира варењето по само 10 дена редовно користење, затоа што содржи комбинација од пробиотици и пребиотици, кои поволно влијаат врз дигестивниот тракт, го поттикнуваат варењето и метаболизмот го прават поактивен.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19706 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.