Холандскиот фудбалски клуб „Heerenveen“ на доста впечатлив начин се обиде да ја подигне свеста за ракот кај децата и да придонесе во борбата со болеста.
За време на натпреварот со фудбалскиот клуб „Emmen“, спортскиот тим постави 15.000 плишени мечиња на седиштата од трибините како „навивачи“. Истите тие мечиња подоцна беа поставени на аукција и со нивната продажба беа собрани 230.000 евра.
Финансиските средства фудбалскиот клуб ги донираше во добротворна организација за истражување на ракот кај децата.
Секое мече претставува дете болно од рак во Холандија.