Џејмс Фридман е Фотошоп експерт кој ги редактира фотографиите на луѓето на хумористичен и забавен начин.
Талентираниот Британец прима нарачки од неговите обожаватели кои сакаат вештачко „подобрување“ на нивните фотографии, но ги сфаќа премногу буквално нивните барања за промени. Бидејќи Џејмс честопати се шегува со интернет корисниците, нарекуван е и Фотошоп трол. Неговата работа ја следат повеќе од 2 милиони Instagram корисници.
Погледнете ги делата на Фридман кои потсетуваат дека треба да внимавате што посакувате.
Но, Фридман покажа дека има големо срце и разнежи многу луѓе со неодамнешна фотографија испратена од девојка со мускулна дистрофија. Во нејзиното барање пишувало: „Здраво! Имам мускулна дистрофија и не можам да ги исправам моите раце. Можеш ли да направиш да изгледам нормално?“.
Џејмс воопшто не ја измени фотографијата и ѝ напиша: „Самоприфаќањето е постојана битка. Терминот ‘нормално’ е пропагандна техника користена од модерното општество за да нè натера да се вклопиме во постоечки стандард. Ако не можат луѓето да видат подалеку од твојата физичка состојба, најверојатно не се вредни за твоето внимание. Убава девојка со искрена насмевка и прекрасна коса е сè што јас гледам на оваа фотографија“.
Еве и други негови шеговити фотографии: