Внимавајте што посакувате, може да ви се оствари!
Фотошоп експерт на хумористичен начин им ги исполнува барањата на луѓето кои сакаат вештачко „подобрување“ на фотографиите.
Џејмс Фридман ги редактира фотографиите, буквално остварувајќи ги напишаните желби. Поради тоа што честопати се шегува со интернет корисниците, тој е нарекуван и „Фотошоп трол“. Работата на талентираниот Британец ја следат над 2 милини корисници на социјалните мрежи Instagram и Twitter.