Наталија Захарова и Осман Мурад минатиот месец стапија во брак и веднаш продолжија да патуваат низ светот. Креаторите на фото-проектот „Follow Me To“ сега мамат воздишки со егзотични фотографии од медениот месец на Малдиви.
Осман ја фотографира својата сакана во препознатливата поза, за која таа му подава рака додека му е свртена со грб.
Непосредно пред да заминат на Малдиви, Натали и Осман го посетија Лас Вегас.
Атрактивната Русинка сподели и уште неколку фотографии од нивниот одмор на Малдиви.
Осман и Натали го започнаа популарниот проект „Follow Me To“ во 2011 година и имаат речиси 3 милиони следбеници на Instagram. Нивните фотографии обединуваат незаборавни туристички локации, атрактивни аутфити, препознатлива поза и копнеж за авантури.