Жените обожаваат чевли и чоколадо и би се двоумеле долго дали да го изберат едното пред другото. Делата на Гери Фанел не ги ставаат претставничките на понежниот пол пред таква дилема, затоа што ги обединуваат овие две женски страсти.
Британскиот експерт за чоколадо создаде чоколадни копии на препознатливите чевли на Кристијан Лобутин кои дефинитивно го задржуваат женскиот поглед. Направени од врвно белгиско чоколадо, обувките можат да траат до 10 години ако сопственичките успеат да им одолеат и да не ги стават в уста.
„Сè додека чевлата не е изложена на сончева светлина и директна топлина, може да биде изложена без страв дека ќе се растопи“ – тврди Фанел кој ќе направи само 50 обувки и тоа по порачка.
Заинтересираните може да ги премисли само цената, бидејќи за 800 евра колку што се продаваат, секој може да си купи вистински чевли од Лобутин.