Доволно е да фрлите само еден поглед на фотографиите на Мурад Осман и неговата девојка Натали Захарова за да започнете силно да мечтаете за патување низ светот кое никогаш не завршува.
На почетокот на годинава парот направи бум на интернет и нивните фотографии се распространија низ целиот свет. За проектот „Следи ме“, Осман ја фотографира својата сакана на популарни туристички локации додека таа му ја подава раката за да го води во нови и нови авантури.
Во изминативе месеци Мурад и Натали продолжија со патувањата и ги посетија Мајами, Њујорк, Барселона, Мадрид, Истанбул, Монако, Ез, Лондон, Москва и Гранада, каде не заборавија да направат нови фотографии.