Многупати сме се смееле на брканиците на Том и Џери на телевизија, но кога ќе се случат во вистинскиот живот е уште поинтересно.
Британски пар успеал да го фотографира крајот на една интересна брканица на мачка и глушец. Нивниот 14-месечен мачор се заглавил во новогодишната елка бркајќи глушец кој успеал да се искачи на врвот.
51-годишната сопственичка на мачорот раскажала за случката: „Кога влеговме во собата го најдовме заплеткан во гранките во средината на елката, а глушецот гледаше надолу кон него. Не можев да си поверувам што гледам. Веднаш го грабнавме фотоапаратот“.
Сопствениците го подигнале мачорот од елката и глушецот избегал на безбедно.
„Сите што ќе ги видат фотографиите сметаат дека се хистерично смешни – исто како сцена од Том и Џери“ – раскажувала радосната сопственичка.