Животните можат да бидат одлични модели. Тоа го покажаа 12-те мачки и мачори кои учествуваа во фотосесија за создавање на календар за брендот United Bamboo.
Идејата за создавање на мини облека за мачки била на дизајнерката Михо Аоки, која минатата година чисто за забава го облекла својот мачор и го фотографирала. Облеката за мачките е всушност минијатурна веризија на креации од колекцијата на United Bamboo наменета за луѓе.
Минатогодишниот успех на календарот ги поттикнал дизајнерите да го направат и оваа година. Приходите кои ќе бидат собрани од неговата продажба се наменети за организации за заштита на животните.