Фотографиите на Лил Ајнмар Асајаг ќе ви ја покажат прекрасната врска која милениците ја имаат со децата. На првата семејната мачка Панда го прегрнува трудничкото стомаче на Лил, а на втората му се умилкува на нејзиното новородено синче.
Панда започнала насекаде да ја следи бремената Канаѓанка уште кога зачнала и не ја напуштила сè додека не си пронашла ново место за дремка – покрај малиот Шон, кој сега има три месеци.
„Уште кога забременив, таа започна да ме следи низ дома, да ја крие главата во мојот стомак и да преде. Сега, три месеци подоцна, таа скока на креветот во негова близина, го мириса и седи до него. Јасно можете да видите дека го обожава од самиот почеток“ – напиша Лил на Bored Panda.
Целта на Лил е да им покаже на луѓето дека милениците можат да им бидат добри пријатели на децата и дека не треба да бидат занемарувани или напуштани кога ќе дојде бебе во семејството.
„Сакам да им покажам на луѓето дека мачките се одлични пријатели за децата и дека можат да научат многу од нив. За некои луѓе тие се само миленичиња. Но, за миленичињата, луѓето се нивно семејство и така треба да се однесуваме кон нив – како семејство. Не се откажуваме од нашето семејство“ – вели таа.