Тајландски универзитет со драстични мерки го спречува препишувањето меѓу студентите. Фотографијата, која предизвика лавина од негативни реакции на социјалните мрежи, ги покажува студентите од Kasetsart University со хартиени капи кои како на коњи не им дозволуваат да гледаат настрана, туку само пред себе.
Во бројните коментари на социјалните мрежи се вели дека капите се навреда и удар врз достоинството на студентите. Но, деканот и професорите на универзитетот ги отфрлија обвинувањата дека студентите биле принудени да ги носат капите и откриле дека идејата всушност дошла од самите студенти за време на дискусија за спречување на мамењето на испити.
„Тоа беше за забава, релаксација и хумор... Сакам да се чувствуваат реласкирани за време на испитите“ – изјавил професорот за новинската агенција AFP и дополнил дека капите им помагале на студентите да се ослободат од стресот и подобро да се концентрираат.
Од Тајланд доаѓа и уште еден „изум“ против препишување – шлем од картонска кутија.