Добро размислете и ќе заклучите дека има многу нешта за кои вреди да се насмевнете и да бидете среќни. Ако случајно во моментов не ви паѓа ништо на ум, тогаш еве една фотографија која сигурно ќе ви го подобри расположението.
Фотографијата „Насмевнато сонце“ е хит на интернет. На неа се прикажани облаци кои поминуваат преку сонцето, давајќи му форма на насмеано лице. Не е познато кој го сликал настанот или пак дали е изгрејсонце или зајдисонце.
Синоптичарите предвидуваат дека од денес започнуваат топлите летни денови и покачувањето на дневните температури. Тоа значи дека ќе има многу денови во кои сонцето ќе ни се насмевнува.
Кога сонцето може да се смее, можете и вие.